Фудбал

Крос на вратата на Манчестер!

22.05.2014 12:40

Договорот на Крос истекува наредното лето, па Баерн е заинтересиран за продажба на Крос, со цел да ја искористи последната шанса за да заработи од неговиот премин во Англија...

„Дејли мејл“ пишува дека Тони Крос е пред потпис со Манчестер јунајтед. Според англискиот весник, овој трансфер бил договорен уште кога на клупата на „Олд Трафорд“ седеше Дејвид Мојс. Договорот на Крос истекува наредното лето, па Баерн е заинтересиран за продажба на Крос, со цел да ја искористи последната шанса за да заработи од неговиот премин во Англија.

Се шпекулира дека германскиот репрезентативец ќе ја испразни касата на Манчестер јунајтед за околу 25 милиони евра. Новиот менаџер на „црвените ѓаволи“, Луи Ван Гал, сака да ги обезбеди услугите и на Томас Милер, но се верува дека баварскиот клуб тешко ќе се реши да остане и без овој член на германската селекција. Холандскиот стратег се надева дека повторно ќе работи и со Арјен Робен, кој во 2009-та година го напушти Реал за да дојде во Баерн, чии тренер тогаш беше Ван Гал.