МВР

Свечена церемонија во Куманово по повод 22 години ЕБР

22.08.2023 09:30

Утрешните целодневни активности, како што соопштуваат од МВР, ќе започнат во 9.30 часот во кругот на СВР Куманово со откривање на спомен обележје на полициските службеници кои го положија својот живот за почитување на Уставот, законот, мирот и безбедноста на државата.

Годинава денот на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) 23 август ќе се одбележи на две локации, во Куманово и Скопје.

Утрешните целодневни активности, како што соопштуваат од МВР,  ќе започнат во 9.30 часот во кругот на СВР Куманово со откривање на спомен обележје на полициските службеници кои го положија својот живот за почитување на Уставот, законот, мирот и безбедноста на државата.

Во 10.30 часот во паркот во Куманово граѓаните ќе имаат можност да се дружат со припадниците на Единицата за брзо распоредување, каде ќе биде поставена и опремата со која располага Единицата, така што граѓаните ќе имаат можност покрај дружбата со полициските службеници и да се фотографираат со опремата, да влезат во полициските возила итн.

Во Скопје во базата во Ѓорче Петров ќе се положи и свежо цвеќе на спомен плочата на загинатите и починати припадници на ЕБР.

Централната прослава на свеченоста по повод одбележувањето на 22-годишнината од формирањето на Единицата за брзо распоредување е закажана на паркингот пред базенот во Куманово со почеток од 19 часот.