САД

Доналд Трамп ќе им се предаде на властите во Џорџија в четврток

22.08.2023 10:06

Тој е обвинет дека се обидел да ги поништи резултатите од претседателските избори во 2020 година...

Доналд Трамп ќе им се предаде на властите во Џорџија во четврток. Претходно судијата одреди кауција во износ од 200 илјади долари за поранешниот американски претседател во случајот против него. Тој е обвинет дека се обидел да ги поништи резултатите од претседателските избори во 2020 година. Во обвинението се и 18 негови соработници. Трамп и соработниците имаат рок до петок да се предадат пред судот во Атланта. Ако плати кауција, Трамп би можел да остане на слобода, под одредени услови.