мвр

Приведен крадец во Гостивар

22.08.2023 10:42

Тој се сомничи дека на 7-ми август годинава извршил тешка кражба во куќа во гостиварско Форино...

Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера околу 19.50 часот во Гостивар го лишиле од слобода С.С.(43) од Република Албанија. Тој се сомничи дека на 7-ми август годинава извршил тешка кражба во куќа во гостиварско Форино.

С.С. бил задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.