охрид

Промоција на книги од Пандев и Димоски на 56. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ

22.08.2023 10:57

Во рамките на традиционалната соработка на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ) и Општина Охрид, денес, на Летната школа на МСМЈЛК при УКИМ ќе бидат промовирани книгите „Книга за светите браќа Климент и Наум Охридски“ од проф. д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски и „Славе Ѓорѓо Димоски во книжевната критика (македонска и светска)“ од проф. д-р Димитар Пандев...

Во рамките на традиционалната соработка на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ) и Општина Охрид, денес, на Летната школа на МСМЈЛК при УКИМ ќе бидат промовирани книгите „Книга за светите браќа Климент и Наум Охридски“ од проф. д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски и „Славе Ѓорѓо Димоски во книжевната критика (македонска и светска)“ од проф. д-р Димитар Пандев.

Промоцијата ќе се одржи во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид. Преку едната од книгите кои ќе бидат промовирани денес, странските слависти и македонисти, особено оние од помладите генерации ќе можат подетално да се запознаат со она што е напишано за светите Климент и Наум Охридски во науката од почетокот на славистиката па наваму, вклучително и за нивното значење за просветителската дејност на македонското тло и воопшто во словенскиот свет, а од друга страна и со присуството на култот кон светите браќа засведочен во македонската книжевност – народна и авторска.

Преку другата книга во која на 370 страници се поместени осврти, текстови и други објави од книжевната критика за поезијата, книгите и воопшто творештвото ма Славе Ѓорѓо Димоски, семинаристите ќе можат подетално да се запознаат со вредностите на опусот на еден од најистакнатите современи македонски поети, а некои од нив и да ги надградат своите доегашни сознанија, имајќи ги предвид присуството на творештвото на Димоски во наставата на некои странски универзитети и преводите од неговата поезија на триесет јазици.