МВР со детали од синоќешното убиство во Ново Лисиче
Мажот што синоќа уби жена пред зграда во Реонски центар во Аеродром и потоа се самоуби бил во љубовна врска со неа...

Вчера вечер околу 20:30 часот, на бул. „Видое Смилевски Бато“ во преминот помеѓу првиот и вториот влез од зградата број 10, Горан С.(42) од Скопје, со два истрела од пиштол, сопственост и со дозвола за поседувањена неговиот татко, ја лишил од живот Адријана С.(38) од Штип, а потоа се самоубил. Во критичниот период, Адријана, која била во љубовна врска со Горан, со возило дошла на бул. „Видое Смилевски-Бато“ и истото го паркирала паркингот недалеку од зградата број 10, каде требала да оди на роденден кај нејзина пријателка. Со сопствено возило на истиот паркинг пристигнал и Горан и го паркирал недалеку од возилото кое го управувала Адријана. Кога се сретнале на паркингот меѓу нив настанала вербална расправија, која траела цело време додека се движеле кон зградата бр. 10, соопшти МВР денеска.
Кога стигнале во преминот под зградата, помеѓу првиот и вториот влез, Горан, најверојатно, со два истрела ја убил Адријана, а потоа со истиот пиштол се самоубил. Настанот, во Центарот за управување и команда е пријавен случаен минувач, додека лекар на Итна медицинска помош ја констатирал смртта.
На местото на настанот од страна на полициски службеници на СВР Скопје е извршен увид, со кој раководеше Јавен Обвинител, при што се подигнати три испукани чаури од куршуми и еден пиштол марка „Взор“ 70, кал. 7, 62, со два неиспукани куршума во рамката и еден неиспукан куршум во цевката. По извршениот преглед на починатите од страна на обдуцент, телата се пренесени за обдукција во Институтот за судска медицина.
