ЈУЖНА АФРИКА

Јужна Африка домаќин на самитот БРИКС

22.08.2023 11:49

На јужноафриканскиот, кинескиот и бразилскиот претседател, како и на премиерот на Индија се очекува да им се приклучат најмалку 40 шефови на држави и влади...

Јужна Африка од денеска до 24-ти август е домаќин на самитот БРИКС на големите економии во развој – Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка. На јужноафриканскиот, кинескиот и бразилскиот претседател, како и на премиерот на Индија се очекува да им се приклучат најмалку 40 шефови на држави и влади. На самитот нема да присуствува рускиот претседател Путин поради налогот за апсење издаден од страна на Меѓународниот кривичен суд за наводни воени злосторства. На негово место пристигна рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Во Јоханесбург, за 15-от самит, покани за учество се упатени и до 67 лидери од Африка, Латинска Америка, Азија и Карибите.