МВР

Санкционирани 45 мотоциклисти за прекршоци во сообраќајот

22.08.2023 11:50

32 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, седум возеле без возачка дозвола. За време на контролата санкционирани се и 86 други видови на сообраќајни прекршоци...

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 07.00 до 12.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 45 возачи.

Од нив, 32 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, седум возеле без возачка дозвола. За време на контролата санкционирани се и 86 други видови на сообраќајни прекршоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, информираат од МВР.