ГРЦИЈА
Нов бран на пожари во Грција
22.08.2023 12:06
Вчера беше издадена наредба за евакуација на болницата во Александрополис, пристаништен град во североисточна Грција, каде пожарите беснеат веќе четврти ден по ред...

Грција се бори со нов бран пожари. Од противпожарната служба велат дека во моментов има девет активни фронтови. Вчера беше издадена наредба за евакуација на болницата во Александрополис, пристаништен град во североисточна Грција, каде пожарите беснеат веќе четврти ден по ред. Во центарот на островот Евија, исто така беше евакуиран индустрискиот град Неа Артаки.
Европската унија испрати два канадера стационирани на Кипар и романска противпожарна бригада преку механизмот за цивилна заштита.
