СДСМ со 13 предлози за измени во Изборниот законик
Камен на сопнување меѓу власта и опозицијата барањето на СДСМ во изборниот процес да се забрани пуштање во употреба или започнување инфраструктурни објекти со државни пари,вонредна исплата на плати и пензии.Опозицијата бара одвојување на партиската од државната функција,утврдување фиксен максимален износ на донациите од правните лица,обележување на гласачите со видливо мастило,изедначување на вредноста на гласот во државава и во дијаспората.

,,Вградувањето на овие наши барања ќе значи создавање правна рамка која ќе нуди фер и демократски изборен процес.Исто така,да не го заборавиме приоритетот на прочистувањето на избирачкиот список,, вели Рената Дескоска од СДСМ.
За власта е неприфатливо во целиот изборен процес да се стопираат почнатите капитални инвестиции.Тоа го нема во европските земји,вели Тодоров..
,,Зедовме обврска ова да го анализираме детално.Да не одиме со предлози коишто можеби решаваат еден помал проблем,но креираат еден огромен проблем не само за државата туку и за сите граѓани,, смета Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ.
Министерот за правда уверува дека препораките на ОБСЕ/ОДИХР се имплементирани.Сепак, остава простор за дијалог.
,,Некои предлози може да доведат блокирање на системот во државата,па не сум спремен такво нешто да прифатам,, изјави министерот за правда,Блерим Беџети.
И втората средба на работната група за изборниот законик помина без претставник од ДПА.
Милчо Велески