Расмусен пристигна во Скопје

22.05.2014 13:06

Ќе има средба со премиерот Никола Груевски, со шефот на дипломатијата Никола Попоски и со министерот за одбрана Талал Џафери.

Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, пристигна во Скопје.

Ќе има средба со премиерот Никола Груевски, со шефот на дипломатијата Никола Попоски и со министерот за одбрана Талал Џафери.

Ќе разговара околу прогресот на државава во однос на реформските процеси.

Фокусот ќе биде поставен кон целосна евроинтеграција, и забрзано остварување на членство во НАТО.

Посетата е дел од балканската турнеја на Расмусен, пред престојниот самит на Алијансата во Кардиф, во септември.

Се зголемуваат очекувањата Македонија да се најде во агендата за проширување, по актуелната меѓународна ситуација и случувањата во Украина.