Здравство

Стомачните вируси „косат“ и ова лето

22.08.2023 13:40

Десетина деца до петгодишна возраст се хоспитализирани на Клиниката за детски болести како резултат на инфекција од стомачен вирус. Најмалите имаат само неколку месеци. Докторите со апел да се внимава на хигиената. Ако знаците на дехидратација се манифестни потребна е итна консултација со лекар...

Повраќање, дијареа, покачена телесна температура се веќе добро познатите симптоми на стомачен вирус. Да се внимава на хигиената како најчеста причина за бактериски и вирусни цревни инфекции-апелира директорката на Детската клиника Стојка Нацева-Фуштиќ.

Според Нацева-Фуштиќ дехидратацијата како последица од стомачните вируси може да го доведе во сериозна состојба организмот.

Ако знаците на дехидратација се манифестни потребна е итна консултација со лекар, велат од Детската клиника.

 

Александра Велинова