ГП „Богородица“

Министерот Спасовски и амбасадорката Агелер во посета на пограничните служби на Богородица

22.08.2023 14:10

Со помошта и поддршката од САД значително се подобрени стандардите и капацитетите на МВР во делот на безбедноста констатираа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и амбасадорката Анџела Агелер. Тие денеска беа на граничниот премин Богородица каде разговараа за продлабочување на соработката и во иднина...

Опремата што ја донира САД и поддршката што ја добиваме значително ги зајакна стандардите и капацитетите на МВР и пограничните служби. Вака потенцираше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој заедно со амбасадорката Анџела Агелер беа на ГП „Богородица“ каде се информираа за функционирањето на опремата што ја донираше САД во одделот за гранична полиција

Амбасадорката Агелер го изрази задоволството што донираните опрема ги дава очекуваните резултати во делот како на намалување на корупцијата така и за зајакнување на стандардите на МВР за спречување на миграцијата.

Инаку за првите шест месеци како што кажа министерот Оливер Спасовски откриени се 49 кривични дела од областа на корупцијата што е намалување за 22 проценти во однос на минатата година.

 

Ване Трајков