Претседателот Иванов одржа предавање на Универзитетот Федерико Втори во Неапол
Шефот на државата се сретна и со првиот човек на италијанскиот Институт за меѓународна трговија и ги претстави поволностите за инвестирање во Македонија...

Претседателот Ѓорѓе Иванов одржа предавање на Универзитетот Федерико Втори во Неапол, кој потпиша и меморандум за соработка со Правниот факултет Јустијан Први.
Шефот на државата се сретна и со првиот човек на италијанскиот Институт за меѓународна трговија и ги претстави поволностите за инвестирање во Македонија.
Вчера државната и црковната делегација беше примена и од папата Франциск, каде беше констатирано дека помеѓу Македонија и Светата столица има 20 години почит и пријателство.
Иванов вели дека по две декади, постои можност, да се почне постапка, Ватикан во билатералните односи да го употребува нашето уставно име.
