Постепено се нормализира состојбата во Србија, постои опасност од епидемии
Се проценува дека санацијата ќе трае повеќе од шест години...

Постепено се нормализира состојбата со поплавените подрачја во Србија. Жителите сеуште не можат да се вратат дома. Од речиси 800 пријавени изчезнати лица, пронајдени се само 215. Според српскиот премиер Вучиќ, првичните проценки за претрпените штети се минимум 175 милиони евра, над 0,64 насто од бруто домашниот производ.
Се проценува дека санацијата ќе трае повеќе од шест години. Ноќта во поплавените подрачја минала мирно и водата постепено се повлекува од населените места низ кои патролираат припадници на српската полиција.
Треба да почекаме уште некое време (пред враќање на евакуираните), поради безбедносни причини, но и поради опасноста од ширење на зарази. Прво, треба да се санираат последиците, па дури потоа жените и децата да се вратат во своите домови, изјави претставник на Кризниот штаб на Србија.
Во исто време, српскиот министер за труд и социјална политика Александар Вулин изјави дека е можно на евакуираните мажи денеска првпат да им биде дозволено да се вратат во градот Обреновац, кој беше еден од најтешко погодените од поплавите.
Вулин, кој претпладнево го посети Обреновац, апелираше до жителите на градот да не се враќаат во своите домови се додека соодветните органи не проценат дека е безбедно, односно додека водата не се повлече целосно и додека не биде извршен хемиски третман на објектите.
