Суарез се повреди, неизвесен за СП!?
Доколку не успее да се подготви за мечевите во групната фаза, тоа ќе биде голем хендикеп за уругвајскиот национален состав...

Фудбалската федерација на Уругвај објави дека настапот на Луис Суарез на Светското првенство во Бразил е неизвесен. Фудбалерот на Ливерпул, кој беше најдобрар стрелец во Премиер лигата во мината сезон,а го повреди коленото, по што ќе мора да се оперира.
„Почувствува проблем, а лекарскиот тим на селекцијата препорача операција“ , се вели во соопштението од уругвајскиот табор. Се претпоставува дека на Суарез ќе му бидат потребни 15 до 20 дена за да се опорави, а првиот натпревар на Уругвај на Мундијалот е за 23 дена против Костарика.
Доколку не успее да се подготви за мечевите во групната фаза, тоа ќе биде голем хендикеп за уругвајскиот национален состав, но и голема несреќа за Суарез кој никогаш не криеше колку многу му значи играњето на светско првенство.
