СДСМ: Блокадата на ДПМНЕ може да ја чини нашата земја 10 милијарди евра помалку фондови од ЕУ
Блокадата од страна на ДПМНЕ може да ја чини нашата земја 10 милијарди евра помалку фондови од ЕУ- соопштуваат од СДСМ.

Блокадата на уставните измени и продолжувањето на европскиот пат од страна ДПМНЕ, не само што предизвикува изолација на државата и застој на евроинтергациите, туку значително неповолно ќе влијае на економските придобивки за економијата и граѓаните. Блокадата од страна на ДПМНЕ може да ја чини нашата земја 10 милијарди евра помалку фондови од ЕУ- соопштуваат од СДСМ.
Само во досегашниот евроинтегративен процес на земјата, преку ИПА, грантови за енергетската криза, макроекономска помош, поддршка за малите и средните компании, помошта за ублажување на економските последици од пандемијата, образовните и други програми во државата се слеаја над 1,2 милијарди евра од европските фондови, велат од партијата.
Во перспектива, со забрзување на евроинтеграциите и полноправното членство, програмите и фондовите на ЕУ можат да бидат 11 пати повисоки од овие што ги имаме досега. За жал, блокадите на ДПМНЕ ќе доведат до загуба на овие значајни финансиски прилики за државата, бизнисот и граѓаните- стои во соопштението од СДСМ.
