ЦУК: Активни три пожари во земјава
Пожари има кај селата Горно Количани и Драчевица во општина Студеничани, каде што е зафатена мешана шума, во село Орланци во општина Арачиново каде што гори ниска шума и во село Мелница во општина Велес со зафатени борова шума и сува трева.

Во моментов се активни три пожари, а вчера имало вкупно 27, информираат од Центарот за управување со кризи.
Пожари има кај селата Горно Количани и Драчевица во општина Студеничани, каде што е зафатена мешана шума, во село Орланци во општина Арачиново каде што гори ниска шума и во село Мелница во општина Велес со зафатени борова шума и сува трева.
ЦУК соопштува дека се изгаснати 24 пожари, во општините Студеничани, Битола, Прилеп, Кривогаштани, Крушево, Струмица, Радовиш, Струга, Дебар, Велес, Неготино, Кочани, Куманово, Липково, Брвеница и Гостивар. Пожарите биле на локации со сува трева, ниска шума, стрништа, депонии.
