тенис
Романката Симона Халеп исфрлена од листата за настап на УС Опен
23.08.2023 09:21
Халеп заработи едногодишна суспензија уште во ноември минатата година, откако беше позитивна на забранета супстанца...
Поранешниот светски рекет број 1, Романката Симона Халеп е исклучена од листата на тенисерки за настап на гренслем-турнирот во САД кој почнува следната недела. Халеп заработи едногодишна суспензија уште во ноември минатата година, откако беше позитивна на забранета супстанца. На турнирот неа ќе ја замени 134-от светски рекет Американката Тејлор Таунсенд.
Поради суспензијата, романската тенисерка падна на 1.140-тото место на ВТА-листата.