БРИКС

Рамафоса: БРИКС ќе создаде посилни врски меѓу нациите

23.08.2023 09:35

Претседателот на јужна Африка, Рамафоса, ја повтори позицијата на јужна Африка во однос на проширувањето на БРИКС...

Претседателот на јужна Африка, Рамафоса, ја повтори позицијата на јужна Африка во однос на проширувањето на БРИКС. Ги повика светските економии да го земат в предвид потенцијалот на Африка.

„Групата земји БРИКС постои не само за да ги зајакне односите меѓу владата, туку и за да создаде посилни врски меѓу народите на нашите пет нации. Земјите на БРИКС имаат можност да придонесат и да учествуваат во приказната за растот на Африка. Ова може да се постигне преку поголема соработка во области како што се инфраструктурата, земјоделството, производството, новата енергија и дигиталната економија“, изјави Кирил Рамафоса, претседател на Јужна Африка.

Се очекува блокот на економии во развој да разговара за начинот за подобрување на водењето бизнис. Околу 1.200 делегати од земји во развој се во најголемиот град во јужна Африка.