Грција

Шумски пожари во близина на Александропулос

23.08.2023 09:40

Пожарникарите пронајдоа 18 тела додека ја пребаруваа областа на големиот шумски пожар во североисточна Грција...

Пожарникарите пронајдоа 18 тела додека ја пребаруваа областа на големиот шумски пожар во североисточна Грција кој гори надвор од контрола четврти ден.

Се испитува дали групата биле мигранти кои влегле во земјата. Стотици пожарникари се бореа со шумски пожари што избувнаа низ целата земја, разгорени од силните ветрови.