Регата на Вардар од Велес до Солун- симбол на сесловенскиот дух
Повеќе од 200 километри по течението на реката Вардар од Велес до Солун ќе поминат шеесетина кајакари од Македонија, Австрија, Србија, Бугарија и Германија во чест на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј. Регатата која е симбол на сесловенскиот дух се организира по четврти пат а стартот е од единствениот град во регионот, домаќин на две регати...

Со кајаци и кануа од Велес до Солун четири дена шеесетина кајакари од Австрија, Србија, Бугарија, Германија и Македонија ќе пловат по реката Вардар во чест на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј.
„Регатат ќе се вози во четири етапи. Првата е до Стоби, втората етапа е Демир Капија, третата е Гевгелија и на четвртата во недела се пристигнува во Солун“, рече Александар Коцев организатор на регатата.
Целта на оваа меѓународна спортска регата е да се промовира најдолгата река во Македонија, транзитниот туризам и кајакот како спорт.
„По вторпат сум на оваа регата, минатата година бевме четворица учесници сега сме тринаесет. Вардар е возбудлива река, со многу брзаци, клисурата кај Демер Капија е посебно интересна траса и затоа се радувам што и годинава сум дел од овој настан“, изјазви Јанис Канделка од Австрија, учесник на регатата.
„Сум пловела по Дунав но за Вардар многу имам слушано, на интернет гледав делови од оваа регата и еве сега сунм тука нестрплива да запловам по реката“, рече Ерика Канделка од Астрија, учесник на регатата.
Регатата посветена на сесловенските просветители Кирил и Методиј е традиционална и влезена е со календарот на светските регати.
Дијана Иванова
