Васовски нов тренер на Вардар, Хаџиевски спортски директор

23.08.2023 10:08

Покрај Васовски, во клубот како спортски директор се враќа и Ѓоко Хаџиевски, најтрофејниот Вардаров тренер и човекот кој со „црвено-црните“ имаат освено вкупно пет шампионски титули и два национални купа.

За нов тренер на ФК Вардар е назначен Александар Васовски - Тетовче, играчка легенда на клубот и човек под чие водство ФК Вардар ја освои последната шампионска титула во 2019 година, соопштија вчера преку социјалните мрежи „црвено-црните“.

Покрај Васовски, во клубот како спортски директор се враќа и Ѓоко Хаџиевски, најтрофејниот Вардаров тренер и човекот кој со „црвено-црните“ имаат освено вкупно пет шампионски титули и два национални купа.

Особено не радува искрениот пристап на двајцата тренери, кои веднаш и без размислување ја прифатија понудата на клубот. Сметаме дека спојот на професионализам и искуство и на желбата и знаењето, ќе биде темелот врз кој во понатамошниот период ќе се развива клубот, градејќи го постепено потребниот победнички менталитет, стои во соопштението.

Првиот официјален натпревар за тренерот Васовски, како и за Ѓоко Хаџиевски ќе биде денес против екипата на Силекс.

 

Фото: Фејсбук/ ФК Вардар