фудбал

Фудбалерите на ПСЖ анонимно избраа нов капитен, Мбапе не ја доби довербата

23.08.2023 10:17

Тренерот Луис Енрике одби да го именува новиот капитен на ПСЖ, а за да биде се најтранспарентно, реши да организира интерно гласање од страна на сите играчи во соблекувалната...

Фудбалерите на францускиот шампион анонимно ја донесоа конечната одлука кој ќе ги води до крајот на сезоната. Тренерот Луис Енрике одби да го именува новиот капитен на ПСЖ, а за да биде се најтранспарентно, реши да организира интерно гласање од страна на сите играчи во соблекувалната. Мбапе не ја доби довербата од колегите.

Бразилецот Маркињос останува лидер во соблекувалната и ќе ја носи капитенската лента.