Македонија
МВР: 278 санкции за брзо возење
23.08.2023 11:21
Од нив 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 152 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 126 надвор од населено место...

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 278 возачи.
Од нив 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 152 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 126 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопштуваат од МВР.
