Мицкоски: Ќе заминам од политиката ако само еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставни измени
Македонскиот народ денеска е исправен пред најголемиот егзистенцијален предизвик, а тоа е, да се избори за себе и за својата Македонија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ...

Ако само еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ ме изневери и гласа за уставните измени, ќе се повлечам од политиката, порача лидерот на партијата Христијан Мицкоски, на синоќешната трибина во Кичево.
„Тоа го кажав и пред нецела година и стојам зад тоа. Ќе го слушнете Димитар Ковачевски дека јас сум се борел за фотелја. А јас кажувам дека ако само еден пратеник ме изневери дека заминувам од политиката. Па кој тогаш кој се бори за фотелја, а јас ќе бидам попрецизен, за тендерите. Нема некој којшто повеќе од него се бори за фотелја“, рече Мицкоски вчера во Кичево.
Македонскиот народ денеска е исправен пред најголемиот егзистенцијален предизвик, а тоа е, да се избори за себе и за својата Македонија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
„И еве, дојде денот, 18-ти август, кога нашите 44 пратеници рекоа не за бугарскиот диктат, да за Македонија“, нагласи Мицкоски.
