Македонија
ЦУК: Нема активни пожари во земјава
23.08.2023 12:09
„Во моментов сите пожари за коишто известивме за последното деноноќие – вкупно 27, се изгаснати“, соопштуваат од ЦУК.

Трите пожари кои беа активни на територијата на државата и со кои од вчера се бореа пожарникарите се изгаснати, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
„Во моментов сите пожари за коишто известивме за последното деноноќие – вкупно 27, се изгаснати“, соопштуваат од ЦУК.
Изгаснати се пожарите кај селата Горно Количани и Драчевица во Општина Студеничани, каде што беше зафатена мешана шума, во село Орланци во Општина Арачиново, каде што гореше ниска шума и во село Мелница во Општина Велес, каде што со оган беа зафатени борова шума и сува трева.
