Индија

Индиското летало Чандрајан 3 ќе се обиде да слета на јужниот пол на месечината

23.08.2023 12:33

Втор обид на Индија да слета на Месечината. Мисијата се смета за клучна за истражувањето на овој природен сателит и да се истражи дали има воден мраз на Месечината...

Втор обид на Индија да слета на Месечината. Мисијата се смета за клучна за истражувањето на овој природен сателит и да се истражи дали има воден мраз на Месечината.

Вселенското летало Чандрајан-3 на индиската организација за вселенски истражувања ќе се обиде да слета на јужниот пол во 14 часот и 23 минути по средноевропско време.

Индиската јавност со нетрпение го очекува слетувањето. Се одржуваат молитви во храмовите, џамиите и црквите во земјата, и се очекуваат проекции во живо на слетувањето.

Слетувањето следи на помалку од една недела откако руската мисија Луна-25 не успеа да слета, а леталото се распадна поради неисправност на моторот.