Нападната украинската војска кај Доњецк- 11 мртви војници

22.05.2014 13:33

Според руски извори, убиени се 15 војници, а 35 се ранети...

Украинската влада потврди смртоносен напад врз војската во Доњецкиот регион.

Се зборува за најмалку 11 загинати војници на контролен пункт нападнат од тешко вооружени сепаратисти.

Според руски извори, убиени се 15 војници, а 35 се ранети. Судир имало и во соседната Луганска област, но не е познато дали има загинати.

Самопрогласените власти во Луганск воведоа воена состојба и мобилизација пред украинските претседателски избори в недела.