Македонија

Спасовски: Неприфатлива е изолација на државата, особено ако доаѓа од внатре

23.08.2023 12:52

Една од клучните цели и приоритети на државата е членството во Европската Унија и ако сите знаеме дека тој пат нема алтернатива, а нема заради тоа што досега не беше понудена никаде, тогаш е многу јасно дека треба да работиме и да направиме се да го отвориме тој пат, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Неприфатлива е изолација на државата, особено ако доаѓа од внатре, вели министерот Спасовски. Додаде дека стратегиска цел на државата е членство во Европската унија и сите знаеме дека тој пат нема алтернатива.

Една од клучните цели и приоритети на државата е членството во Европската Унија и ако сите знаеме дека тој пат нема алтернатива, а нема заради тоа што досега не беше понудена никаде, тогаш е многу јасно дека треба да работиме и да направиме се да го отвориме тој пат, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Изолацијата на државата, посебно изолација којашто доаѓа од внатре е неприфатлива. Се разговара со секој пратеник заради тоа што сега одговорноста е на пратениците, оние коишто ги претставуваат граѓаните, нагласи Спасовски.

Посочи дека и во наредниот период ќе продолжат низ дијалог, низ политичка активност да бараат начин за да бидат донесени уставните измени кои се неопходни за земјава да го продолжи евроинтеграцискиот процес.