Регион

Македонски државјанин уапсен во Хрватска за шверц на 25 мигранти

23.08.2023 13:34

Тој денеска во близина на Имотски бил запрен од полицијата додека во комбе превезувал 25 странски државјани кои нелегално престојувале во Хрватска.

Македонски државјанин е уапсен и притворен во Хрватска поради шверц на 25 мигранти, јави хрватската медиумска агенција.

Тој денеска во близина на Имотски бил запрен од полицијата додека во комбе превезувал 25 странски државјани кои нелегално престојувале во Хрватска.

Постои основано сомнение дека 51-годишниот од личен интерес им помагал на странски државјани при незаконско движење така што, по претходен договор, ги презел на подрачјето на Имотски, откако нелегално пеш влегле територијата на Хрватска, информираат од сплитската полиција.

Уапсениот македонски државјанин е во притвор и против него е поднесена кривична пријава.