Маричиќ: Има два начини за уставните измени, теоретски сè уште се возможни
Од Европската унија, вели се подготвени да дадат поддршка да се изгласаат уставните промени, дури и писмена изјава што ја бара најголемата опозициска партија како услов за поддршка на промената на Уставот, вели Маричиќ.

Теоретски сè уште се возможни уставни измени до крајот на ноември, вели вицепремиерот за европски прашања Маричиќ. Според него има два начини за уставните промени, ВМРО-ДПМНЕ како партија да даде поддршка под одредени услови или само неколку пратеници да гласаат „за“ како во случајот со изгласувањето на Преспанскиот договор.
Од Европската унија, вели се подготвени да дадат поддршка да се изгласаат уставните промени, дури и писмена изјава што ја бара најголемата опозициска партија како услов за поддршка на промената на Уставот, вели Маричиќ.
„ЕУ е подготвена да направи се за донесувањето на уставните измени. Во тој дух, ние како владата понудивме, иако сметаме дека не треба, доколку опозицијата бара со цел да се изјаснат за уставните измени, да видиме во која форма би побарале од Европската комисија да се изјасне писмено за грижите на ВМРО-ДПМНЕ“, нагласи вицепремиерот Маричиќ.
