Отсуствуваат Лам и Нојер
На светскиот собир во Бразил, Германија ќе игра со Португалија на 16-ти јуни...

Повредите го одбележуваат почетокот на подготовките на германскиот национален тим за Светскиот шампионат во Бразил. Во кампот „Леонард“ на северот на Италија, првите тренинзи ќе ги пропуштат капитенот Филип Лам и голманот Мануел Нојер. Тие ќе и се придружат на репрезентацијата до крајот на оваа недела, а Сами Кедира ќе се приклучи на составот на Јоаким Лев по дуелот на Реал против Атлетико во финалето на Лигата на шампионите. На мали повреди се жалат и Швајнштајгер, клосе и хумелс.
Откако на први јуни ќе го одигра пријатлскиот натпревари со Камерун, нашиот противник на пријателската в понеделник, селекторот Лев ќе реши со кои 23-јца фудбалери ќе патува на Мундијалот. За овие позиции конкурираат 27-мина фудбалери.
На светскиот собир во Бразил, Германија ќе игра со Португалија на 16-ти јуни, а во групата се и Гана и Соединетите Американски Држави.
