Тетово

Втор ден гори депонијата во полошкиот регион, воздухот екстремно загаден

23.08.2023 14:15

Втор ден жителите од полошко се гушат во екстремно загаден воздух, откако вчера се запали депонијата кај тетовска Волковија. Докторите велат дека имаме акутно влошување на хроничните состојби кај ранливата категорија граѓани. Од Територијалната противпожарна единица Тетово, велат дека досега на запалената депонија истуриле стотици тони вода, но пожарот не се ликвидирал, бараат помош од државните институции…

Граѓаните се жалат на печење очи, кашлица и гребење на грло. Од дома излегуваат ако имаат итна потреба. Надвор не се дише, прозорци не отвораме, но мирисот на изгорено продира и во нашите домови.

Здравствените работници, велат дека имаме акутно влошување на хроничните состојби кај ранливата категорија граѓани. При горење на депонии се ослободуваат најканцерогени материи.

Од Територијалната противпожарна единица Тетово, велат дека досега на депонијата истуриле стотици тони вода, но пожарот не се ликвидирал. Од Центарот за управување со кризи, решението го гледаат со ископување на дупка на самата депонија и истурање на земја врз целиот смет, активности кои се веќе започнати.

Се работи за депонија за која Владата има дадено дозвола за третирање на отпад во наредните 15 години. Но истата како и многу депонии низ државата не ги исполнува стандардите.

 

Зоран Димовски