Втор ден состанок на „БРИКС“ во Јужна Африка
Втор ден состанок на членовите на групата БРИКС во Јужна Африка, прва средба лице в лице на лидерите по пандемијата. Главни теми се приемот на нови членки и климата. Претседателот на Јужна Африка, Рамафоса, ја повтори позицијата на Јужна Африка во однос на проширувањето на БРИКС. Бразилскиот претседател рече дека БРИКС ги трпи последиците од војната во Украина...

Втор ден состанок на членовите на групата БРИКС во Јужна Африка. Самитот е прва средба лице в лице на лидерите на БРИКС по пандемијата. Главни теми се приемот на нови членки, климата. На самитот преку видеоконференција учествува рускиот Владимир Путин.
„Индија предложи членство во Г-20 за земјите од Африканската унија. Верувам дека сите партнери на БРИКС се со Г-20 и сите ќе го поддржат нашиот предлог“, изјави Нарендра Моди, премиер на Индија.
Претседателот на јужна Африка, Рамафоса, ја повтори позицијата на Јужна Африка во однос на проширувањето на БРИКС. Ги повика светските економии да го земат в предвид потенцијалот на Африка.
„Групата земји БРИКС постои не само за да ги зајакне односите меѓу владата, туку и за да создаде посилни врски меѓу народите на нашите пет нации. Земјите на БРИКС имаат можност да придонесат и да учествуваат во приказната за растот на Африка“, изјави Сирил Рамафоса претседател на јужна Африка.
Се очекува блокот економии во развој да разговара за начинот за подобрување на водењето бизнис. Околу 1.200 делегати од земји во развој се во најголемиот град во јужна Африка.
„Денес претставуваме 41% од населението и сме одговорни за 31% од глобалниот БДП во паритет со куповната моќ. Но, се соочуваме со многу покомплексен контекст отколку кога се сретнавме за прв пат. Брикс ги трпи последиците од војната. Позитивно е што се поголем број земји се ангажирани во директен контакт со Москва и Киев“, изјави Луис Игнасио Лула да Силва претседател на Бразил.
За време на неговиот говор на бизнис форумот, рускиот претседател Путин рече дека Русија има капацитет да го замени украинското жито и комерцијално и како бесплатна помош за сиромашните земји.
„Повеќе пати сум кажал дека нашата земја има капацитет да го замени украинското жито за сиромашните земји, особено затоа што нашата жетва повторно се очекува да биде совршена оваа година. Како прв чекор, решивме да испратиме до 50.000 тони жито во шест африкански земји бесплатно“, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
Кинескиот претседател Џинпинг ги повика Кина и Јужна Африка да ги зајакнат своите партнерства и рече дека лично го доживеал силниот раст на односите меѓу кина и јужна Африка во изминатата деценија. Рече дека кина е подготвена да работи со јужна Африка за да продолжи пријателството, да ја продлабочи соработката и да го поттикне сеопфатното стратешко партнерство Кина-Јужна Африка.
Марина Ристова
