АЕК: Мора да се инвестира во мрежи од новата генерација
Новата регулаторна рамка ќе им овозможи на операторите да ги подобрат своите перформанси...

Операторите кои не постапуваат согласно со договорот за услуги кон корисниците, ќе заработат казни, велат од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК). Со поставување на оптичката мрежа до 2020 година, сите претплатници ќе имаат побрз интернет пристап.
Новата регулаторна рамка ќе им овозможи на операторите да ги подобрат своите перформанси, да работат на изградба на нови мрежи, напомена директорот на АЕК, Роберт Ордановски.
Според податоците на операторите, во Македонија моментно само 3,5 отсто од корисниците имаат интернет пристап со брзина поголема од 30 мегабити во секунда. Тоа, потенцира директорот, е показател дека пред АЕК се поставени високи цели и дека претстои напорна работа да се постигнат.
