Индија

Индија испиша историја, вселенското летало успешно слета на Месечината

23.08.2023 14:58

Вселенското летало Чандрајан-3 успешно слета во близина на јужниот пол на Месечината...

Индија испиша историја. Вселенското летало Чандрајан-3 успешно слета во близина на јужниот пол на Месечината.

Леталото се спушти на природниот сателит во 14 часот и 23 минути по средноевропско време. Индиската, но и светската јавност со нетрпение го очекуваше слетувањето. Се одржуваа молитви во храмовите, џамиите и црквите.

Русија во сличен обид во саботата го загуби контактот со леталото Луна 25, а во неделата на 20-ти август објави дека се урнало на Месечината.