Јужна Кореја

По шест години граѓани на Јужна Кореја учествуваат во вежби за противвоздушна одбрана

23.08.2023 15:03

По шест години, граѓаните на Јужна Кореја учествуваат во вежби за противвоздушна одбрана. 20-минутната вежба почна со огласување на сирената за воздушен напад која ги предупреди луѓето да се евакуираат во засолниште...

По шест години, граѓаните на Јужна Кореја учествуваат во вежби за противвоздушна одбрана. 20-минутната вежба почна со огласување на сирената за воздушен напад која ги предупреди луѓето да се евакуираат во засолниште.

Во одредени региони кои се граничат со Северна Кореја, жителите мораа да следат дополнителни сценарија, вклучувајќи хемиска, биолошка и радиолошка обука, носење гас-маски и слично.

Годишните вежби за цивилна одбрана Улчи се одржуваат заедно со вежбите „Штитот на слободата“, кои јужнокорејските и американските војници ги почнаа во понеделникот за да ги подобрат одговорите на потенцијален севернокорејски напад или други непредвидени ситуации.