Рудници

Општина Струмица ќе даде негативно мислење за истражувања или отворање на каков било рудник

23.08.2023 15:47

Советот на општина Струмица на денешната седница донесе одлука со која општинската администрација ќе дава негативно мислење на централната власт...

Советот на општина Струмица на денешната седница донесе одлука со која општинската администрација ќе дава негативно мислење на централната власт за било какви иницијативи за вршење геолошки истражувања и експлоатација на минерални суровини во општината.

Претходно вакви одлуки донесоа и општините Ново Село, Босилово и Василево со што сите локални самоуправи ја поддржаа борбата на граѓаните да не се отвора каков било рудник во струмичката котлина.