Образование

МОН: Дел од новите учебници за трето и шесто одделение заглавени во процедурите за избор на содржини

23.08.2023 16:52

Дел од новите учебници за трето и шесто одделение заглавени во процедури за избор на содржини. Од Министерството за образование, велат дека е формиран стручен тим кој допрвин ќе прави избор на поднесените предлози од авторите. МТВ објави дека новата учебна година за третоодделенците ќе почне без книга за математика...

Дел од Учебниците за трето и шесто одделение се заглавени во процедурата за избор на доставените предлози од авторите – потврдија од Министерството за образование. Националната комисија по втор пат ќе ги разгледува доставените содржини. Формиран е тим што ќе врши стручно вреднување и допрва треба да се одбере кој е најсоодветен учебник.

Новата коригирана верзија на учебникот не готова.

Министерот Шаќири, вели дека сите учебници за основно со исклучок на дел од третото и шесто одделение ќе им бидат на располагање на учениците од 1 септември. Увидува дека по повеќе од пет години и во средното образование книгите ќе ги добијат првиот училиштен ден.

 

 

 

 

 

Анита Димитријевска – Велковска