Почнуваат подготовките за новата учебна година, граѓаните се жалат на високи цени за училишниот прибор
На една седмица пред почетокот на новата учебна година купувачите се жалат на високите цени за прибор, продавачите уверуваат дека има понуда за сечиј џеб...

Во книжарниците не наидовме на препознатливиот метеж, но наидовме на високи цени. тетратките чинат од 40, па се до 170 денари. Ранците се продаваат по цена од 950, па се до брендираните кои чинат над 3.500 денари. Дрвени и мрсни боички, фломастери, темперни бои во просек имаат цена од 150 до 400 денари. Но цената ја диктира брендот и квалитетот на приборот велат од книжарниците, кои потврдуваат дека во изминатите две години има нагло зголемување на цената на училишниот прибор.
Според пресметките најскапо ќе чини комплетирањето на училишниот прибор за првачињата. Родителите во просек ќе треба да потрошат над 4.000 денари за основните наставни помагала. Иако стартуваа најавените попусти, сепак граѓаните велат дека за нив моменталните цени се скапи.
Градоначалниците на скопските општини, Центар, Кисела вода, Аеродром, Ѓорче Петров, Бутел, годинава обезбедија бесплатни ранци и училиштен прибор за првоодделенците кои ќе ги поделат на првиот училиштен ден. Ваква практика има и низ другите градови од државата.
Викторија Милевска
