НБА – плеј оф

Сан Антонио – Оклахома 2:0!

22.05.2014 14:00

Оклахома понижена, Сан Антонио победе со 2:0 во финалето на западната конференција на НБА лигата. 112:77 за потврда на одличната форма на „Спарс“ и за разлика од 35 коша, односно најубедлив плеј - оф пораз во историјата на Оклахома франшизата. Во седум од последните осум натпревари, Сан Антонио славеше со речиси 22 поена разлика.

 „Тандерс“ го добија само првиот период со 26:24, се натаму беше во креација на расположените домашни кошаркари. На полувреме имаа + 11, додека во третата четвртина во којашто играа резервистите и на двата тима, Сан Антонио влезе со предност од 29 поени. Тони Паркер беше најефикасен со 22 поена. Имаше одлична поддршка од Дени Грин кој реализираше 21 кош со седум погодени шута за три поени. Двоцифрен ефект остварија и Тим Данкан со 14, Ману Џинобили и Борис Диао со по 11 поени.

Ретко сезонава убиствениот тандем Дурент – Вестбрук имаше лоша вечер, но тоа им се случи токму во вториот дуел од серијата до четири триумфи. Двајцата постигнаа по 15 поени со само 13 успешни од 40-те заеднички обиди.

Кога последен пат и тоа пред две години ови две екипи играа во во западното финале, Сан Антони исто така ги доби првите два дуела, но Оклахома врати со триумфална серија од 4:0.

Следните два натпревара ќе се одиграат во Оклахома, првиот в недела.