Индија испиша историја, вселенското летало „Чандрајан 3“ слета на Месечината
„Чандрајан 3“ се спушти на единствениот природен сателит на земјата. Индијците се качија на месечината. Сондата слета во близина до Јужниот пол којшто се смета за клучен во потрагата по вода, првпат во историјата на човештвото...

„Тач даун“ и Индија ја смени историјата на вселенските истражувања. „Чандрајан“ е првото летало без човечки екипаж кое се спушти на Јужниот пол. Овации и аплауз во контролната просторија на индиската вселенска агенција. Пристигна и пораката на индискиот премиер Моди, видно возбуден кусо коментираше: небото веќе не е граница.
„Нашата земја секогаш ќе се сеќава на овој момент, успехот на мисијата ќе ги придвижи индијците кон посветла иднина. Денов покажува дека научивме од нашите неуспешни мисии. Нашата успешна мисија покажува дека Индија не е осамена. Една е земјата, едно семејство, имаме заедничка иднина. Сега сите можеме да тежнееме кон месечината и натаму“, изјави Нарендра Моди премиер на Индија.
Неистражената територија е цел на роверот којшто е дел од индиската мисија. Лансирана од Јужниот индиски остров Шрихарикота, чини околу 66 милиони евра, или неколку пати поевтино од сондите на другите држави. Тежината на сондата беше намалена на само 15 килограми. Успехот на Чандрајан е нов поттик за Индија за планираната изградба на новото вселенски центар во јужната држава Тамил Наду.
Сите претходни мисии успеаја да атерираат блиску до екваторот поради потрага по вода на јужниот пол. Пред неколку денови не успеа мисијата на руската вселенска агенција Роскосмос. „Луна-25“ се судри со површината на земјиниот сателит.
Зоран Богатинов
