Сами Љута не бил на Смилковското езеро

02.12.2013 20:28

Обвинет дека бил главен во давањето логистика и дека чувал стража додека биле масакрирани петтемина на Смилковското езеро, Сами Љута во целост го отфрли ова. Тврдеше дека  критичниот ден бил кај деверот на неговата сестра и ставал гипс картони. Откако завршил после еден час заминал во интернет кафе кај неговиот зет. Во раните утрински часови прочитал од некој портал дека се случило петкратното убиство. Се познавал само со обвинетите Агим и Хаки, бидејќи кај нив вршел занаетчиски работи. Понекогаш ги среќавал на молитвите во џамија.

Обвинет дека бил главен во давањето логистика и дека чувал стража додека биле масакрирани петтемина на Смилковското езеро, Сами Љута во целост го отфрли ова. Тврдеше дека  критичниот ден бил кај деверот на неговата сестра и ставал гипс картони. Откако завршил после еден час заминал во интернет кафе кај неговиот зет. Во раните утрински часови прочитал од некој портал дека се случило петкратното убиство. Се познавал само со обвинетите Агим и Хаки, бидејќи кај нив вршел занаетчиски работи. Понекогаш ги среќавал на молитвите во џамија. Тврдеше дека за време на убиството имал кратка коса,спротивно на наводите на сведокот. Неговиот адвокат смета дека обвинителството нема докази за вклученост на Љута во настанот.

„ Ќе ги изведеме тие докази, тоа се конкретни некои цд-ња токму по однос на физиономијата на овој обвинет и тоа ќе докажесо сигурност дека овој обвинет, впрочем како и другите не бил на местото на кривично правниот настан“ изјави Насер Рауфи, адвокат на обвинетиот Љута

Родителите на  убиените момчиња негодуваа за развојот на постапката

„ Една чета се собрале да утепаат деца. Една чета искочија само уште го нема... се слушнавме само нарачател не слушнавме. Шофери, убијци слушнавме, пазаќи слушнавме само нарачател не слушнавме“ – рече родител на едно од убиените момчиња

Револтирани беа и од семејството на љута па реагираа на новинарските екипи.

„Зошто не останавте крајот да го слушневте. Не снимај! Не ме снимај! Многу сум настроен на тебе...“- рече роднина на обвинетиот Сами Љута

Другите двајца од обвинетите кои се во косовскиот затвор , Аљиљ и Африм сеуште чекаат пресуда од тамошниот Апелациски суд. Нивниот адвокат вели дека нема да бидат екстрадирани.