АМСМ

На „Табановце“ и „Богородица“ се чека 40 минути

24.08.2023 08:43

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“ за влез и на ГП „Богородица“ за излез од државата, времето на чекање е околу 40 минути, информираат од АМСМ. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. .