Одбрана
Промоција на нови 120 подофицери во Армијата и свечена заклетва на 150 професионални војници
24.08.2023 08:47
Во Касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес денеска ќе се одржи свеченост по повод промоцијата на нови 120 подофицери...

Во Касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес денеска ќе се одржи свеченост по повод промоцијата на нови 120 подофицери во чин водник и свечена заклетва на 150 професионални војници.
На свеченоста ќе се обрати министерката за одбрана Славјанка Петровска.
