Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Власта не е Европа, тие се обични измамници со куп криминали

24.08.2023 09:08

Нагласуваат дека до утре можат да набројуваат скандали, афери и катастрофи поврзани со оваа власт која тенденциозно вели дека тие биле Европа. Тие од Европа знаат само за евро валутата во која ги пресметуваат процентите, наместените тендери и коруптивниот ќар.

Власта на Ковачевски тврди дека тие се Европа, а врска немаат со европски вредности и принципи. Тие се обични измамници, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Дали се европски вредности сопругата на премиерот да добива државно земјиште по едно евро за квадрат со цел да тера милионски бизнис со фотоволтаици во време на официјална енергетска криза?

Дали е Европа, кога во три големи трагедии страдаат 70-тина граѓани, во автобуската несреќа Ласкарци, Беса Транс, и модуларната болница во Тетово и со години се водат судски процеси и никој не одговара за тоа?

Дали е Европа кога граѓаните имаат доверба во правосудството едвај 1 %, кога за Уставни судии и членови во Судски совет се бираат партиски послушници на СДС и ДУИ?

Дали е Европа кога никој жив во државата не знае каква биографија има првиот обвинител за гонење организиран криминал и како е избран?

Дали е Европа кога од земјоделска земја се претворивме во земја која е целосно увозно зависна од храна?

Зарем е Европа земја која е рекордер по корупција и се наоѓа полошо и од африканските земји?- стои во соопштението од опозициската патија.

Нагласуваат дека до утре можат да набројуваат скандали, афери и катастрофи поврзани со оваа власт која тенденциозно вели дека тие биле Европа. Тие од Европа знаат само за евро валутата во која ги пресметуваат процентите, наместените тендери и коруптивниот ќар. Тие од Европа немаат никаква врска- велат од ВМРО-ДПМНЕ.