Комунална хигиена подновена со 13 специјални возила
Возилата денеска ги презентираа скопскиот градоначалник Коце Трајановски и директорот на ЈП Комунална хигиена Ракип Дочи...

Подновен е возниот парк на Комунална хигиена со 13 специјални возила. Инвестиција вредна околу 55 милиони денари, девет милиони од Светска банка.
Возилата денеска ги презентираа скопскиот градоначалник Коце Трајановски и директорот на ЈП Комунална хигиена Ракип Дочи.
Во 2009 година ЈП Комунална хигиена го затекнавме со шест стари возила кои го опслужуваа целиот град, а сега ова претпријатие има повеќе од 70 нови возила, нагласи градоначалникот Трајановски во пунктот на ЈП „Комунална хигиена“, во поранешната фабрика „Пролетер“.
Дочи изрази благодарност до Град Скопје за безрезервната поддршка за ова јавно претпријатие.
Ни преостанува да ја оправдаме укажаната доверба, а на граѓаните да им понудиме поквалитетна услуга, рече Дочи.
