Грција

Пожари сè уште беснеат во Грција

24.08.2023 09:43

Вицегувернерката на Халкидики објави полициски час за пешаци и возила од денеска од 8 до 20 часот во шумските области на Халкидики кои се изложени на висок ризик од пожари...

Вицегувернерката на Халкидики објави полициски час за пешаци и возила од денеска од 8 до 20 часот во шумските области на Халкидики кои се изложени на висок ризик од пожари.

Грчките пожарникари со денови се борат со пламените јазици во Еврос, Александрополис и во шумата Дадија. Пожарите сè уште беснеат и во другите региони на земјата.

На противпожарните екипи им ја отежнува работата ветерот и високата температура. Досега изгореа 400 илјади хектари.