САД

Републиканците одржаа остра прва дебата

24.08.2023 09:43

Неколку републикански претенденти за претседател разменија остри напади на нивната прва дебата во отсуство на фаворитот за номинација на партијата во 2024 година Доналд Трамп...

Неколку републикански претенденти за претседател разменија остри напади на нивната прва дебата во отсуство на фаворитот за номинација на партијата во 2024 година Доналд Трамп.

Поранешниот претседател избра да ја прескокне дебатата во Милвоки, а наместо тоа сними интервју, кое почна да се емитува на X, страницата порано позната како Твитер, непосредно пред да започне дебатата во обид да ги привлече гледачите.

Се очекува Трамп да им се предаде на властите во Џорџија по обвинувањата за него дека се обидел да влијае на изборниот резултат во 2020 година.